• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

Во Тетово полни контејнери, купишта смет околу нив и смрдеа – градоначалникот се жали дека нема пари за комунални работници

08/07/2023
во Актуелно, Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полни контејнери и уште толкава количина на смет оставен покрај нив периодов е честа слика по тетовските улици, па жителите алармираат на неподносливата миризба и опасности по здравјето. Овие поплаки дојдоа и до градоначалникот, кој оваа недела ги слушна големиот број прашања на советниците токму на оваа тема-кога и каде ќе се среди долготрајното и повеќе часовно стоење на сметот низ градот.

Градоначалникот Биљал Касами за основата на проблемот како и досега, ги обвинува претходните раководства, а решението го има само како најава. Вели дека поради долговите на општината не може да се вработат дополнителен број луѓе кои ќе го собираат сметот.

– За жал тоа што создавале нашите претходници во општина, и продолжува да биде тренд, да има работници да земат плати и да седат дома, не ни овозможува да најдеме работници да работат со овие плати во претпријатието. Во неколку сектори во општина имаме потреба за работници за комунални дејности, за урбанизам, инженери и инспекторатот. Сите тие работници кои се моментално, не се доволни и не се мотивирани, рече Биљал Касами.

Според него, решение е во ново јавно претпријатие кое ќе занимава само со справување со смет. Оваа е постара најава чија реализација повеќе пати се најавува

– Поради ситуацијата со која се соочува претпријатието ние сме почнале со постапката за сериозна реконструкција, со основањето на две нови претпријатија, за снабдување со вода и за менаџирање на отпадоците. Во меѓувреме треба да се објави тендерот за избор на приватен партнер кој ќе оперира во менаџирање со отпадоците. Сум убеден дека еднаш засекогаш менаџирањето на отпадоците ќе биде решено, истакна Касами пред советниците.

Докторот Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје, со специјалност по здравствена екологија и хигиена го повторува предупредувањето дека оставањето смет значи потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

– Самата непријатна миризба ја загрозува социјалната благосостојба, тоа е основен постулат на Светска здравствена организација. Покрај тоа, отпадот што е биоразградлив на ова топло време развива бактерии и така претставуваат ризик по јавното здравје поради опасност од појава на бактериски зарази, изјави Давидоски.

Според Касами и за големиот број несовесни граѓани допрва се разгледува решение. Според него ќе се поставуваат камери на критични точки со цел да се следат граѓани кои несовесни оставаат смет каде што не треба.

Во состојбата со сметот нема промена иако лани, во јуни 2022 година Касами најави дека во употреба ќе има дополнителен број нови 15 полуподземни контејнери, како и 100 контејнери добиени како донација од турска општина.

За полуподземните контејнери беа набавни и две специјални возила. Од 15-те полуподземни контејнери осум контејнери се од 3000 литри и седум од 5000 литри.

ас

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Левица поднесе пријави до повеќе инспекции за доктор во тетовската болница поради медицински извештаи само албански јазик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!