• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетовско за девет месеци во 2022 година 350 казни за зборување на телефон при возење

Возачите-прекршители ќе се соочат со парични глоби изнесува 40 евра во денарска противвредност.

04/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Додека управувале моторно возило зборувале на мобилен телефон и биле откриени од полицијата и казнети 350 луѓе на тетовското подрачје, информира СВР Тетово.

На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесува 40 евра во денарска противвредност.

-Секторот за внатрешни работи продолжува со континуирани активности за брзо и ефикасно откривање и санкционирање на ваквите прекршоци и повторно апелира до возачите да се воздржат од користење мобилни телефони додека возат, најчесто за зборување или пишување пораки. Зашто, користењето на телефоните непосредно влијае на концентрација и вниманието на возачите и ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно ако се движат со поголема брзина и при поголема фрекфренција од возила и пешаци, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата апелираат и за зголемена внимателност, возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, со оглед на тоа што претстојат влажни и постудени денови.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовската вокалистка Наташа Миха со нов сингл „Мерлин Монро“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.