• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во ТИРЗ Тетово нова германска инвестиција за производство на електрични автомобили

12/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски преку прес-конференција објави дека во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе биде првата фабрика државата во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

-Владата предводена од СДСМ донесе одлука за давање согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија. Во Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила.  Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се продуцира електричен автомобил.

Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили. Заедно со придружните дејности, со оваа фабрика се очекува да се отворат три до четири илјади работни места, што ќе придонесе за развој на само на Тетово, туку и на останатите општини од Полошкиот регион и државата.

Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека Северна Македонија има стабилна и конкурентна економија, сигурна за сериозни странски инвеститори. И во време на светска економска криза, се потпишуваат договори за нови инвестиции, се отвораат нови работни места.  Истовремено, бележиме раст на извозот и постојан раст на просечната плата. Сето тоа е показател дека економските политики на СДСМ даваат резултат и се дополнителен мотив да продолжиме да работиме посветено на нови мерки кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и гарантираат економски раст и развој, порача Каевски.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Јована Тренчевска: Со СДСМ до рекордно зголемување на пензиите и поголеми бенефиции на лицата со попреченост

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.