Во Уметничка Галерија-Тетово изложба на 40 фотографии по повод 40 години од освојување на златниот олимписки медал на Шабан Трстена
Денес од 19 часот во Уметничка Галерија-Тетово ќе има изложба на 40 фотографии по повод 40 години од освојување на златниот олимписки медал на Шабан Трстена на Олимписките игри во Лос Анџелес, САД во 1984 година.
Како дел од југословенскиот тим Шабан Трстена освои златен медал во слободно борење на свои 19 години.
Спортските фотографии опфаќаат 20 години од животот на Шабан Трстена на светските спортски арени.