Тетовската полиција информира дека 21 годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка, а при тоа е повреден.
Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово-Скопје.
-Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
ас