Соопштение на СВР Тетово 21 мај 2024
На 20.05.2024 во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 20.05.2024 во 14.20 часот во СВР Тетово, Ш.И.(41) од Тетово пријавил дека на улица „ЈНА“ во Тетово бил каснат од куче скитник.
На 20.05.2024 во 22.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.И.(33) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал, се заканувал со остар предмет и се обидел физички да ја нападне неговата невенчана сопруга во домот на нејзини роднини каде што била на гости. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 20.05.2024 во 15.00 часот во СВР Тетово, Д.С.(45) од тетовско Глоѓи пријавила дека околу 10.20 часот на работното место во фабрика во тетовска Брвеница, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината колешка М.К.(50) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.05.2024 во 12.25 часот, при акциска контрола на возачи кои вршат јавен превоз на патници, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед на автобус „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од К.Д.(53) од тетовско Блаце, при што е констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна документација и против него ќе следува соодветен поднесок.