• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Вработените во УЈП преку јавен протест побараа зголемување на платите за 30 отсто

Вработените во УЈП јавно протестираа и бараа зголемување на платите за 30 отсто

16/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените во Управата за јавни приходи-Регионална дирекција Тетово денес од 10 до 11.30 часот пред нивните простории јавно протестира со единствено барање да им се зголемат платите за 30 отсто.

Повереникот на синдикалната организација информираше дека се одлучиле на овој начин да изразат незадоволство затоа што не биле опфатени како управа во толкување на член 66 од Законот за буџет каде има предвидено зголемување на платата за 30 отсто.

-Сметаме дека како и сите други во склоп на Министерството за финансии ни следи зголемување на платите. Ние имаме за тоа поднесено и барање посебно и до работодавачот и министерот. Сакаме незадолството да го изразиме на конкретен начин согласно сите законски можности што се предвидени.Уште од лани пред да се планира буџетот имаме доставено барање до министерот за финансии и до работодавачот за покачување од 30 отсто. Барањето е оправдано базирано врз статистички податоци за покачување на кошница на трошоци, на сите инфалациони параметри и сите други параметри што се основ за синдикатот да бара, а тоа го предвидува и колективниот договор дека треба да се корегираат врз база на тие параметри и нашите плати, изјави Агрон Емини, повереник на синдикалната организација.

-Излеговме да изразиме незадоволство поради непочитувањто на одредите од член 66 од закон за буџет кој предвидува зголемување на платите на вработените покрај другите институции во состав на Минситерствот за финанисии и на вработени во УЈП за 30 проценти. Ова е поблага мерка, следна порадиклна мерка би било штрајк што ни е уставно загарантирано право доколку власта не ни излезе во пресрете на барањата кои се законски основани, изјави Тања Сибиновска, вработена во УЈП.

Според Емини, оваа синдикална организација не е против зголемување на платите во другите сектори на администрацијата, дури и ги поддржуваат тие барања.

-Сметаме дека е многу оправдано, имајќи ги во обзир сите измени кои настапија во економскиот дел на живеењето. Од 2009 имаме само пет посто покачување, а знаеме какви се измените во цените само последните 3-4 години, а да не зборам од 2009. Ние сакаме да го задржиме постојаниот статус кој што сме го имале, сметаме за себе дека сме еден орган кој е многу битен за функционирање на општеството.Ние во голем процент го полниме буџетот, тоа го правиме успешно неколку години наназад и секогаш сме го правеле. Така да мислам дека е оправдано ова барање, изјави Агрон Емини.

Синдикалците велат се во тек и во контакт со работодавачот, но конечна одлука очекуваат од Министерство за финансии.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Тетовски ЖФК Љуботен го освои Купот на Македонија, победа над Каменица Саса со 4:0

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!