Вработените во Универзитетот во Тетово, заедно со уште четири државни универзитети денес во исто време во 13 часот организираат мирни протести поради незадоволството затоа што досега не е потпишан колективните договори. Сметаат дека се дискриминирани и се бара од Собранието, пред да се распушти да се потпише колективниот договор. Се бара потпишување на колективните договори да се направи пред распуштање на Собранието.
„Синдикатите се обединети и го делат истото мислење дека непотпишувањето на Колективниот Договор со петте јавни универзитети и пресметување на платите на вработените според овој договор, овие универзитети се игнорирани и дискриминирани од Собранието и Владата на Република Северна Македонија. Ние го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор-меѓу претседателот на Собранието и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје, и како резултат на ова и одлуката на Владата за зголемување ни платите на вработените на овој универзитет, но во исто време им порачуваме на овие институции дека применуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост другите петте јавни универзитети земјава, бидејќи за сите универзитети важи истиот закон за високото образование затоа и приходите на вработените овие универзитети мора да бидат еквивалентни, истакна проф.д-р Шефкет Дехари, претседател на Синдикатот.