• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Вратничка крваа свадба“ објавено најновото дело од публицистите Стево Томовски и Душко Синадиновски

06/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Вратничка крваа свадба“ е насловена најновата книгата објавена и испечатена од публицистите Стево Томовски и Душан Синадиновски од тетовска Вратница во која се зборува за еден од најтрагичните настани во нивната историја –  убиството на младинецот Симче Настоски во 1943 година на 18 години на два дена пред да прави свадба.

Симче Настоски е еден од 13 младинци кои бугарската војска во октомври 1943 година ги убива затоа што добиле информации од шпиони дека тие им помагале на партизаните.

Биле убиени во петок, а во недела Симче требало да прави свадба. Во неделата, мајката на Симче од тага побарала од сите што дошле на погребот да дојдат во свечени носии, како за свадба. Сакала да се овековечи моментот па повикала и фотограф од Тетово, што за тоа време било многу тешко изводливо, но сепак стигнал и ја направил фотографијата од погребот.

Текстот е на вратнички дијалект, а според авторите за да се запази автентичноста на збиднуавњата и настаните, со цел зачувување на овој говор од македонското поднебје.

-Текстот е основан на вистински настан кој се случил за време на Втората светска војна во окупирана Вратница, а кој навек е врежан во меморијата на сите вратничани како настан кој е еден од најгрозоморните чивнови кои некогаш му се случил на овој мирен, трудољубив, чесен и пред се интелигентен народ. Ова треба да послужи како пример за во иднина да не се дозволи Вратница и вратничано да се стават во ваква ситуација и да доживуваат грозоморни настани. Сите ликови, имиња, настани, места и топоними се вистинити но поради временска дистанца и уметничкиот дојам можно е дел од настаните да не соодејствуваат со она што навистина се случило, истакнуваат авторите.

Публицистите сметаат дека ова четиво има добра основа во иднина да послужи за филм низ кој е се прикаже историјата и страдањата на македонскиот народ во подљуботенски крај под окупација за време на Втората светска војна.

Стево Томовски и Душан Синадиновски соработуваат на создавање на заеднички дела подолго време. Во 2019 година тие ја објавија „Вратничка енциклопедија“ целосно напишана на дијалектот на кој се зборува во ова тетовско село при општина Јегуновце.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Во акциска контрола на товарни возила откриени и санкционирани осум технички неисправни возила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.