• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За 14 октомври одложено судењето за пожарот во модуларната болница  во Тетово

06/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судијата Јордан Велковски судењето го презакажа за 14 октомври во 10 часот.

Од обвинитети на првото рочиште присутен беше тогашниот директорот на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими, додека отсутни беа економскиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучевски.

-Се што имам да кажам за овој судски процес за трагичниот случај ќе го кажам тоа пред судот. Ве молам вие како медиуми и јавноста да го следи овој процес. Бидејќи јас сум убеден дека судскиот систем ќе ја докаже вистината. Затоа сум тука денеска да ја кажеме вистината, јас сакам истото да се обелодени што побргу и да се дознае вистината за овој случај, изјави обвинетиот Фљорин Бесими за медиумите откако судскиот процес беше одложен.

До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово.  Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет,  електроинжинер  и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.

Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата. Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

СВР Тетово: Во август 633 мерки за неприлагодена брзина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.