Во изминатите девет месеци од оваа година на поширокото тетовско подрачје вкупно се изречени 438 мерки за користење на мобилен телефон во возење, најчесто за зборување со друго лице или пишување на пораки.
Покрај тоа, во периодот за кој станува збор санкционирани се и 440 возачи кои не користеле сигурносен појас, со што и едните и другите ја довеле во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Зашто, зборувањето на мобилен телефон значително го одвлекува вниманието и концентрацијата на возачите, посебно при поголема фрекфренција од возила на улиците, особено во централното градско подрачје.
На прекршителите изготвени им се предвидените поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и ќе се соочат со парични глоби од 40 до 50 евра во денарска противвредност, зависно од прекршокот.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да се воздржат од зборување додека возат и задолжително да ги употребуваат сигурносните појаси, без разлика дали патуваат на подолги или покуси релации.