• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За изнуда на 18 илјади евра приведен 33 годишник од Голема Речица, како и такси возач кој ги пренесувал парите

07/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција приведе 33 годишник од селото Голема Речица и 60 годишник од селото Пирок поради изнуда на 18.630 евра од жител на Тетово. Приведувањето е направено вчера во Мала Речица од страна на полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово помладиот приведен ги барал парите со изнуда, а постариот бил такси возач кој ги пренесувал парите.

-Во 19.50 часот во тетовска Мала Речица лишени од слобода се З.Д.(33) од с.Голема Речица, тетовско и Ј.А.(60) од с.Пирок, тетовско. По преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., такси возач во Тетово. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите, информира

Триесет и три годишникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација"- Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.