СВР Тетово информира за неколку приведувања, пријави за напади и кражби.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (5 јули) околу 13 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, ја лишиле од слобода 22-годишната Њ.Ј. од тетовско Пршовце, затоа што при нејзин и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувала, била пронајдена и одземена марихуана. Таа е задржана во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера (5 јули) околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово ги лишиле од слобода тетовците Б.Л.(34) и Ф.М.(33), кои се однесувале агресивно кон нив и ги спречувале во преземање на службени дејствија. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Седумдесет и петгодишна тетовка вчера (5 јули) во 13 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзината снаа Н.А.(36) ѝ се заканувала и физички ја нападнала. Н.А. денеска (6 јули) е повикана на службен разговор во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Триесет и шестгодишниот Џ.У. од Тетово вчеравечер (5 јули) во 23 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен внук околу 22 часот на улица „ЈНА“ во Тетово, во близина на угостителски објект, физички бил нападнат од друг малолетник кој бил заедно со уште едно лице. Се расчистува и документира случајот.
Триесет и двегодишниот М.З. од тетовско Желино вчера (5 јули) во 10 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека му било одземено товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал пред трговски објект во селото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.