Во изминатите без малку осум месеци од годинава, заклучно со денеска 29 август, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно биле откриени 285 возачи кои управувале под дeјство на алкохол, информираат од СВР Тетово. Сите биле исклучени од сообраќај и им биле изготвени соодветни поднесоци по член 228 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
-Според овој член од Законот паричните глоби за управување под дејство на алкохол се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираност на возачот. Покрај тоа, предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година.За оние возачи кои при контрола ќе одбијат да се алкотестираат паричната глоба изнесува 500 евра во денарска противвредност. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите и особено до оние кои вршат јавен првоз на патници, но и до сите други, да се воздржат од конзумирање акохол додека возат или ако веќе претходно конзумирале, да не седнуваат зад волан. Алкохолот го прави своето и најдиректно ја доведува во ризик личната безбедност на возачот, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, порача портпаролот Марјан Јосифоски.
СВР Тетово и во месеците што следуваат ќе продолжи со континуираните контролни активности, во чие средиште ќе бидат алкохолизираните возачи и брзо и ефикасно ќе ги санкционира и отстранува од сообраќај