• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За шест часа полицијата изрече 119 мерки за пребрзо возење – тројца возеле 70 километри повеќе од дозволеното

20/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово и овој викенд реализираше повеќе сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион.

Вчера (19 март) од 12 до 18 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која  биле откриени и санкционирани 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-22 и ГВ-35) надвор од населено место.  Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-1), 24 пречекорувања до 70 километри на час (ТЕ-12 и ГВ-12) и така натаму.

Покрај ова, санкционирани се и 52 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-27), како и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-8).

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да не брзаат непотребно и да ја прилагодат брзината според условите на патот и посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје каде и најчесто се пречекорува дозволената брзина за 50 и повеќе километри на час.  Истото се однесува и на регионалните и локалните патишта, а крајна внимателност им се препорачува на возачите и по градските улици, пред се по влезните улици во Тетово и Гостивар. Со тоа најнепосредно тие ќе придонесат во континуираните напори што се преземаат за поголема лична и вкупна сообраќајна безбедност на ова подрачје.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!