Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска од 23 до 5 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 12 возачи, од кои седум на тетовско и пет на гостиварско подрачје кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот, односно крвта.
Од нив, кај еден возач имало два промили алкохол во крвта, додека кај двајца возачи во тетовско и еден во гостварско до еден и пол промили.
-СВР Тетово уште еднаш со апел и совет до возачите да се воздржат од консумирање на алкохол додека возат, зашто алкохолот ја намалува нивната способност и концентрација за нормално и безбедно управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и ќе се соочат со законски предвидените глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност.Покрај ова, биле санкционирани, исто така, и 16 други видови сообраќајни прекршоци.
ас