• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Загаден воздухот во првата недела од ноември во Тетово, грејната сезона главен фактор

07/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуваат загаден воздух во градот во првите седум денови од ноември.

Среднодневните концентрации на ПМ10 се движат од 75 до 102 односно надминување на граничната вредност од 50 ПМ 10 на метар кубен. Само вчера недела 6 ноември имало присуство на ПМ 10 под граничната вредност, односно 42.

Д-р Ратко Давидовски специјалист по здравствена екологија и хигиена од Центарот за јавно здравје во Тетово објаснува дека со интензивирање на грејната сезона ќе се зголемува загадувањето на воздухот во градот како и секоја година во овој период.

-Најглавна улога за загадувањето на воздухот има согорувањето на фосилните горива, односно огревното дрво. За Тетово втора причина е и сообраќајот. Сега приликите се такви што паѓаат и лисјата и ја немаме вегетацијата како одбранбен механизам. Имаме причини за загадување, огревни дрва и сообраќај, а ја немаме одбраната со лисјата, како прочистувач и модификатор на воздухот. Викендов имаше и врнежи од дожд па се намали во текот на ден недела параметрите за присуство на ПМ10, објаснува д-р Давидовски.

Тој смета дека поради општествено-економските состојби може да се очекува уште поголемо загадување на воздухот.

-Сега со високите цени на енергенсите и зголемување на сиромаштијата ќе се пали сè и сешто. За жал бројките ќе бидат и полоши. Како што ќе паѓаат температурите ќе се затоплуваат простории уште повеќе, па ќе се користи се што треба и не треба,  ќе има зголемени концентрации на ПМ10, вели Давидовски.

За мерната станица во Тетово десет дена, од 21 до 31 октомври немаше објава на податоци на интернет страницата за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина  и просторно планирање. Во септември 2022 немаше денови со загаден воздух. Во ноември 2021 година имало 22 денови надминување на граничните вредности на ПМ10.

ас

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Во октомври 2022 имало 60 сообраќајки-11 помалку за истиот месец во 2021

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
14 ° c
50%
9.78mh
30%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!