Поинтензивно загаден воздухот во Тетово овие неколку дена, покажуваа мерните инструменти на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух. Штетните ПМ10 достигнаа над 150 нанограми на метар кубен, а дозволената гранична вредност е 50 ПМ10 на метар кубен.
Општина Тетово преку социјалните мрежи испрати известување дека е надминат информативниот праг за загадувачки честички со големина до 10 микрометри.
– Последните податоци за нивото на загадувачки честички (ng/m3) се следните: На 03.02.2024 година, нивоата изнесуваа 135,21 ng/m3 и на 04.02.2024 година, нивоата се движат помеѓу 122,18 и 135,28 ng/m3. Надминувањето на овие гранични вредности може да има негативни последици за јавното здравје. Ве советуваме да ги преземете неопходните мерки за да се заштитите себеси и другите од негативните ефекти на загадениот воздух. Се молат граѓаните да ги следат вестите и официјалните соопштенија од локалните власти за дополнителни информации за оваа состојба. Ако Ви треба дополнителна помош или совет, ве молиме контактирајте ги локалните власти надлежни за животна средина, посочија од Општина Тетово.
Во текот на 2023 година имало 89 денови со загаден воздух односно покажуваат сите 12 месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово. Во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.
Во 2023 година имало 89 денови со загаден воздух-максимално дозволено е 35
Во 2022 година биле загадени 108 денови, во 2021 имало 132 денови со загаден воздух, а во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ10 честички.