• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со средства од буџетот на Општина Тетово ќе се субвенционира работата на општинското претријатие за јавен автобуски превоз „Тетово транспорт“, беше одлучено на денешната осма седница на општинскиот Совет. Од општинската каса ќе се одвојат четири милиони денари.

-Сумата која е потребна за покривање на сите трошоци или долговите поврзани со реализација на јавната сообраќајна дејност на градот изнесува 4.219.936,00 денари, стои во барањето од ЈП „Тетово Транспорт“.

До оваа одлука дојде по барање на претријатието до Советот, со оглед на негативното салдо од четири милиони денари со кое ја заврши 2022 година, образложи претседателот Бесар Дурмиши.

-Поради тоа што во 2022 година ЈП имаше негативно салдо од 4 милиони денари.  Колку им фали толку ќе субвенционираме. Знаеме причина зошто функционира со негативно салдо. Еден билет е 20 денари. За да дојде со позитивно салдо треба достигне 100 денари еден билет за граѓаните што е нелогично и невозможно да ја ставиме таа цена. Во февруари ќе направиме предлог програма каде ќе бидат превидени субвенции по еден извозен километар, изјави Бесар Дурмиши.

На оваа седница на советот продолжија дел од процедурите за формирање на две нови претријатија кои ќе преземат дел од дејсностите на комуналното претријатие.  Се донесе одлука за формирање на комисија која ќе избере членови на Управен и одбор за контрола на материјално и финансиско работење на новото ЈКП „Шари“ како и предлог за нацрт статут за претријатието.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.