• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 10 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница, завршни зборови на 25 април

06/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешното рочиште во судскиот процес за пожарот во модуларната болница заврши доказната постапка, па на 25 април ќе следуваат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите.
Денеска како последни сведоци сослушани беа двајца вработени од обезбедувањето на Клиничка болница Тетово, како и докторка од интернистичкото одделение која била ангажирана во модуларната болница.

При сведочењето обвинителот ја праша докторката Ерселе Треси дали во модуларната болница имало раководител.

-Сме немале раководител,секој кој бил на смена бил одговорен, истакна докторката Ерселе Треси.

Адвокатите ги прашаа двајцата вработени од обезбедувањето дали забележале противпожарни апарати во модуларната болница.

-Да, мислам дека имаше три. По еден во магацин, во сестринска соба и во чекална, посочи сведокот Башким Ибраими.

По завршување на сведочењата судијата Јордан Велковски ги праша адвокатите, дали обвинетите ќе даваат исказ, на што бранителите одговорија дека нема обвинетите нема да даваат свој исказ.  Потоа судијата констатираше дека заврши доказната постапка.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Сите обвинети на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина.

ас

Поврзани објави

Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Вести

Потпишан договор-Клиничка болница Тетово ќе се реконструира со донација на компанијата Еколог

09/12/2023
Вести

Втора акција на Далибор од Тетово-донираше кревети за семејството Николовски од Секулица, Кратовско

08/12/2023
Вести

Од 8 до 14 часот изречени вкупно 204 казни за брзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

08/12/2023
Вести

ООУ „Лирија“ со активности по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски

08/12/2023
Следна објава

Група лекари и медицински персонал дел од мирниот протест за поддршка на д-р Бобан Вучевски

Tetovo, MK
недела, декември 10, 2023
scattered clouds
2 ° c
60%
1.95mh
26%
9 c 3 c
пон
13 c 4 c
вто
11 c 6 c
сре
14 c 7 c
чет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!