• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Заврши изградбата на продолжението на булеварот „Благоја Тоска во Тетово од болницата до текстилно училиште, делницата пуштена за сообраќај

21/06/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово заврши изградбата на продолжението на булеварот „Благоја Тоска“ од болницата преку мост на реката Пена се до текстилното училиште, а општинското раководство изврши свеченост по повод пуштањето на делницата во сообраќај.

Оваа делница со децении се очекуваше од граѓаните на Тетово, а пробивањето на трасата со рушење на објекти по процес на експропријација почна уште во времето на претходното раководство на општината во јули 2021 година. Општината под раководство на сегашниот градоначалник Биљал Касами го продолжи дел од процесот за експропријација и рушењето на преостанатите куќи што заврши во ноември 2022 година. Потоа следуваше доградбата на инфраструктурата за оваа траса.

– Денес имаме чест да ја промовираме ова многу важна артерија на патната инфраструктура на Тетово, со што ние ќе ја олесниме комуникацијата (сообраќајот), и движењето на нашите граѓани, ова е само дел од проектите кои во следните денови ќе бидат промовирани и кои се во тек, со кои се надеваме дека Тетово ќе биде подобар град за живеење, за сите нас. Се надеваме дека со инвестициите во патната инфраструктура, во подземната инфраструктура, во почист град, во подобар град за живеење за сите нас дека ќе придонесеме, Тетово да биде град во кој ќе сакаме да живееме. Во овој дел со целосен ангажман на општинската администрација ние конечно успеавме да го реализираме овој пат, затоа им благодарам на сите кои беа вклучени во дело на реализацијата на овој пат, се надеваме дека во иднина ќе реализираме вакви проекти во интерес на граѓаните на Тетово, изјави градоначалникот Биљал Касами.

По пресекување на црвена лента градоначалникот Касами и претседателот на Советот, Бесар Дурмиши со изведувачите пеш ја поминаа оваа делница од неколку стотици метри.

За пуштањето во употреба на делот од булеварот реагираа советници од ДУИ во Советот на Општина Тетово. Тие го поздравија завршувањето на работите на булеварот „Благоја Тоска“, но како што рекоа, оваа инвестиција е дел од програмата на Владата.

-Средствата наменети за изградба на карго аеродромот во Штип, некаде 49 милиони евра, од нив 35 милиони, со одлука на Влада беа распределени на 75 општини, за 99 инфраструктурни проекти, и булеварот „Благоја Тоска“, е дел од тој проект, значи одлуката на Владата беше, тие средства поради неизградба на аеродромот, поради економската одговорност, да бидат распределени низ општините. Ние и во дискусиите во општинскиот совет, во прашањето зошто сè уште не е завршен булеварот, додека се градеше булеварот, нели актуелната општинска власт вети дека одма во првата година ќе го завршат, гледаме дека после две години заврши проектот, и тие сами ни рекоа, дека треба да се обратиме до ТАВ зошто е ова одолговлекување на работите. И тие сами ни признаа дека Општината е само надзорник на проектот ТАВ е тој кој ги инвестира средствата, општината имаше одговорност за експропријација на земјиштето, имотите кои беа во патот, експропријацијата е започната уште од минатата власт, имаше тешкотии со некои куќи, но конечно тие проблеми се решија, изјави Ветон Мурати од ДУИ.

фотографии-Општина Тетово

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава
црква Архангел Михаил Јегуновце

На сила влегле и украле пари од црквата Свети Архангел Михаил

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
4 ° c
100%
1.92mh
89%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!