• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Заврши реконструкцијата на улица „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово

23/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово по три недели градежни работи заврши реконструкција на поголем дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ од Саат маало до мостот во Горна чаршија, како и еден дел од улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ од плоштадот до Саат маало.

Градоначалникот Биљал Касами со соработниците денес направи увид на улицата и посочи дека се прави напор за  подобрување на патната инфраструктура на целата територија на општина Тетово.

-Промовираме уште една капитална инвестиција на Општина Тетово со асфалтирање на овој сегмент на центарот во Тетово со околу илјада метри иили 5000 метри квадаратни, им даваме на граѓаните уште еден пат кој ќе може да го користат. Ова е најдобар начин да ги пречекаме нашите луѓе кои доаѓаат од надвор за да и тие видат дека во Тетово веќе се работи, се инвестира и полека градот го менува ликот. Станува еден европски град како што сите го сакаме. Со инвестирање во асфалтирање на патот цениме дека ќе биде пофункционален и во служба на сите граѓани. После нова година ќе продолжиме да инвестираме со истото темпо да вложуваме во подобрување на патната инфраструктура, се со цел Тетово да биде град со подобри услови за живеење, град без улици со дупки, град со инфраструктура, изјави Биљал Касами.

Со оглед на зголемиот број на возила низ улиците за време на Новогодишните празници поради доаѓање на иселениците, Касами рече дека јавното претријатие за паркинзи ќе направи напор да ги менаџира состојбите да се избегне метежот .

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Новогодишен базар, хуманитарна акција и изложба утре ќе има на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.