• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Заврши творечкиот дел од Меѓународната ликовна колонија на Попова Шапка, изложбата е по две недели

31/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 26 август до денес 16 уметници од повеќе земји учествуваа во работниот и творечки дел на 14-тата по ред Меѓународна уметничка колонија во организација на Национална установа Уметничка Галерија-Тетово. Учесниците ги создаваа своите уметнички дела додека престојуваа на Попова Шапка.

-Оваа година на Меѓународната Ликовна Колонија Тетово 2022 учествуваат 16 уметници од различни земји од светот, како што се: Северна Македонија, Косово, Албанија, Италија, Украина и Бугарија. Уметници од различни земји од светот создадоа дела со различни мотиви и уметнички техники инспирирани од прекрасната природа на Шар планина кои ќе бидат изложени во просторите на Галеријата за визуелни уметности во Тетово. Целта на организирањето на Уметничката Колонија, покрај почитувањето на различностите и прифаќањето на различностите, размена на идеи, искуства, различни школи, култури, начини и техники меѓу уметниците кои делат иста страст за сликарството.  Овој традиционален настан беше разубавен со учеството на албанскиот мајстор, Едмонд Драми, кој пред неколку недели лично го претстави портретот на папата Франциско, изјави Илир Куртиши, директор на Уметничка Галерија.

 

Завршниот дел од колонијата ќе биде заедничката колективна изложба по две недели.

-Затворањето на оваа голема манифестација ќе биде на 14 септември 2022 година во просторите на Уметничката Галерија Тетово. На овој датум сликите на уметниците ќе бидат изложени во просторите на галеријата и уметниците учесници ќе добијат сертификати за нивното учество на овој голем настан, инфомираа директорот Куртиши.

Кустос на колонијата беше Бехар Ферати. Манифестацијата е реализирана со поддршка на Министерството за култура.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Продолжува преуредувањето на калдрмата на Два бреста

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.