• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На територијата на националниот парк Шар Планина нема болест африканска чума кај дивите свињи кои биле застрелани согласно договор со ловечки друштва со цел да се намали опасноста од ширење на таа болест на заштитеното планинско подрачје.

Од Јавната установа Национален парк Шар Планина потсетуваат дека ловот таму е целосно забранет, а договорот со ловечките друштва за ткн. санитарен лов се однесува само за одреден период со цел елиминирање на болеста.

-Денес, на 31.01.2023, истекува важноста на Решението и договорите за соработка кои Јавната установа Национален парк Шар Планина ги склучи со ловечките друштва Кучи Баба, Шќипоња е шарит, Шар Планина и Љуботен со цел превземање мерки во однос на појавата на африканската чума кај свињите.Договорите беа склучени врз основа на Решението за одобрување на ловење на дивеч под заштита и преземени мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во однос на појавата на африканска чума кај свињите донесено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.50-8629/1 од 30.08.2022 година и Решението на АХВ за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите бр. 10-2257/2 од 03.08.2022 година и измените и дополнувањата на ова Решение. Врз основа на ова решение на територија на НП Шар Планина биле отстрелани 13 диви свињи, а според резултатите добиени од анализите од АХВ болеста не е детектирана, информираат од НП Шар Планина.

На подрачје на националниот парк освен забранет лов на диви животни,  забрането е и движење на лица со пушка и други средства за лов.

-Непочитувањето и прекршувањето на законите и правилата ќе биде санкционирано согласно позитивните законски пропоси, порачуваат од НП Шар Планина.

Незаконит лов е казнив по член 228 од Казнениот законик на Република Северна Македонија.

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.