• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Здружение „Сакам да работам“ до Владата и Собранието : Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини

27/02/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ соопштение и реакција до Владата и Собранието. Предупредуваат дека со новиот закон ќе придонесат голем број од вработениет во сектор игри на среќа да се иселат од Македонија

Бидејќи Владата и Собранието упорно избегнуваат соочување со нас, во оваа прилика ќе се обидеме сликовито да објасниме како 10 илјади вработени ги преживуваат скандалозните и противуставни законски измени на законот за игри на среќа. Само, за разлика од популизмот на противниците на легалните игри на среќа, кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се вистински сведоштва!

„Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог Министерството за финансии и е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, европски и светски гиганти во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време се додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите.

Одеднаш, истата Влада која издала лиценца за работа, сега предлага законски измени заради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата. Странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе стане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму.

Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.“

Во услови на економска криза, кога државата е принудена да се задолжува за да може да ги сервисира своите основни системски функции, владата буквално си пука во нога предлагајќи им на пратениците скандалозни законски измени кои ќе предизвикаат егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Северна Македонија.

Како Здружение на вработени во сектор игри на среќа сме огорчени што надлежните државни институции никогаш не почувствуваа потреба да застанат во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос.

Не оставија на бришан простор и подлегнаа на континуираната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која се кријат нечии бизнис интереси да печалат од играње на црно.

Премиерот, министрите и пратениците се лажат ако мислат дека лесно ќе се помириме со судбината. До последно, со сите демократски средства ќе се бориме против неправдата. Ние не сме роботи за да ни биде сеедно што ни се загорчува животот. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат, а за жал упорно молчат!

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА САКАМ ДА РАБОТАМ

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Од среда почнува наплаќање на доплатниот билет ако се пречекори времето за платено зонско паркирање во Тетово

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
14 ° c
50%
9.78mh
30%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!