• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Здружението на дијабетичари Тетово алармира на недостиг на инсулин, Министерството вели недостига само еден тип

21/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од Здружението на дијабетичари Тетово велат дека овој месец февруари нивните членови се мачат да добијат инсулинска терапија.

Претставниците на Здружението тврдат дека дека во Инсулинската аптека при Клиничка болница во Тетово пристигнале само одредна бројка на инсулински пакети кои се потрошиле за неколку дена и сега нема доволно терапија цел месец за дијабетичарите.

-Овој месец немаме ни 10 % од потребната терапија, на 10 февруари дојдоа неколку кутии со пенкала, за неколку дена тоа се потроши, немамо ни ленти ни ништо. Треба да се потпише нов анекс-договор и да ни се набави потребниот лек. Денеска сме 21 и се уште не можеме да ја добиеме редовната терапија од инсулинската аптека. На секои две години има тендери, но тие постојано доцнат и затоа имаме проблеми со редовната терапија. Овој месец јас немам ништо добиено, неколку пати сум бил во аптека од каде ми велат нема инсулин и дури немаме најава дека ќе добиеме. Не може вака да опстанеме.Пак се враќаме на стариот начин на решавање на овој проблем, се позајмуваме кој има некое пенкало во залиха му дава на некој друг пациент како позајмица, но и залихите сега веќе ни се потрошени. Не е тоа работа, треба да земаме редовна терапија, изјави Душко Игневски претседател на Здружение на дијабетичари Тетово.

За состојбата со набавка на инсулин побаравме одговор од Министерството за здравство од каде велат има недостиг само на еден тип инсулин. За обезбедување нови количини инсулинска терапија веќе има распишан јавен повик.

-Станува збор за само еден тип инсулин (од вкупно 26) од кој неодамна се потрошени количините, но за истиот инсулин има аналог на таа генерика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени со аналогот. Сите други типови инсулин се на располагање во доволни количини во инсулинските аптеки, соопштија од Министерство за здравство.

Дијабетичарите од Тетово образложуваат дека дијабетичарите ако не добијат соодветна терапија на време им се јавуваат и други здравствени проблеми за кои им се потребни дополнителни средства за лекување. Воедно се загрозува нивното здравје.

– Во Здружението на дијабетичари Тетово, секој ден пристигаат поплаки. Секој чува по едно пенкало или две, оти знаеме дека се доцни со терапијата, но сега веќе и тие се потрошени. Се работи за голем број пациенти кои си имаат мака и нивното здравје секојднево се нарушува. Ни се зголемива нивото на шеќерот кој што притиска на бубрезите, очите, на крвните садови, тешко е значи, мора редовна терапија да имаме, изјави Душко Игневски претседател на Здружение на дијабетичари Тетово.

Според нашиот соговорник, овој лек го нема и во другите градови, а проценува дека има 44.000 пациенти кои се на инсулинска терапија.Само во Тетово се околу четири илјади.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Биљал Касами:  Решен е проблемот со водата за пиење во сeлата Фалише и Сараќино за следните 20-30 години

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.