• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово одбележа 30 години од постоењето

24/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово вчера вечер го одбележи својот триесет годишен јубилеј. По тој повод се организираше свеченост која почна со изложба на фотографии од архивата на Здружението, а потоа и со свечен концерт во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

-Денес Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ го прославува својот 30 роденден што претставува  јубилеј достоен за почит.Јубилеите се секогаш убав повод за резимирање на минатото, но и повод за прикажување на сопствените потенцијали и претставување на визијата за иднината. 3а една организација 30 години не е само бројка. Тоа претставува една временска рамка во која се случија многу работи, многу успеси, достигнувања, победи, насмевки, пријателства, награди, признанија. Временска рамка низ која поминаа многу генерации кои со своето делување оставија трага во растот и развојот на ова Здружение, истакна во пригодниот говор, претседателката на Здружението Соња Андонов.


И одбележувањето на јубилејната годишнина се одвиваше верно на негувањето и зачувувањето на богатата традиција на македонското и српското фолклорно наследство. Настапија малата и средната група играорци, како и поранешните членови на друштвото со неколку ора од богатиот македонски и српски фолклор. Со изведба на македонски и српски песни во придружба на оркестарот на Здружението, се претставија уметниците Александар Јањиќ од Србија, Милица Кузмановска, Драгиша Аврамовски, Сара Тасеска, Лени Партикова, групата “Шербет“, Миле Ѓорѓески и Ненад Вукојичиќ.


-Вечерашната програма е само мал дел од тоа богатство што со векови се градело во нацијата.Одбележувањето на овој голем јубилеј е само нов поттик да продолжиме во духот на оние кои го создадоа ова Здружение и да направиме чекор понатаму со нашата работа и ентузијазам.Убедена сум дека уште многу генерации кои доаѓаат ќе придонесат за неговото траење, порача претседателката Андонов.

Здружението на поединци и организации им додели благодарници за соработката. На 25 септември 1992 година во судскиот регистар во Тетово е евидентирано како Здружение на Срби, Македонци и Црногорци. Од 2006 година продолжува да работи под името Здружение на Срби и Македонци.

Фолклорната активност на Здружението постои од 1993 година.  На почетокот културно-уметничкото друштво го носи името „Фолклор“, а подоцна, сé до денес „Бранко Чајка“.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Шарпланински Базар ќе се одржи утре на пладне на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.