• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Здружението Социо-културен простор Тетово остана без простории, ја посочи општината поради сменета брава на вратата

26/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Здружението Социо-културен простор Тетово и Општината неделава повторно за недоразбирањата околу просториите во поранешно Радио Тетово комуницираат преку медиумите откако тоа се правеше и во октомври. Додека минатиот месец пораките беа во насока кој има право да ги користи тие простории, сега Здружението обвини дека останале без објектот затоа што е заменета брава од вратата,посочувајќи ја општината. Тие објавија и видео кога е направена замената на бравата.

-Се соочивме со вандалски чин. Во вторник ни беше побаран клуч за д се организира изложба, а во петокот сабајле видовме дека бравата беше променета. Ова се случи иако организаторите потпишаа договор дека се обврзани за да го вратат клучот. Ја известивме полицијата додека групата што се претставува како општински административци бараат од нас да ја отстраниме опремата што не го прифаќаме, изјави Мухамед Мустафа од Здружението.

Општина Тетово е со истиот став како во октомври дека тој објект е на локалната самоуправа и дека Здружението Социо-културен простор Тетово како и сите организации активностите таму треба да ги координира со локалната самоуправа.

– Меморандумот за соработка меѓу здружението и општината е конкретно само за активности и проекти. Секое културно или образовно здружение на млади да се обрати до општината со барање, а општината ќе ги разгледа сите здруженија кои имаат активности, од општина Тетово ќе им се овозможи да ги извршуваат истите активности, изјави Назми Даути, од Сектор за јавна дејност на Општина Тетово.

Просториите кои ги користи Здружението Социо-културен простор Тетово се познати како зграда во која функционираше поранешното Радио Тетово, сега сопственост на општината.  Општина Тетово во  октомври од Здружението побара да го напушти објектот и активностите да ги координаира со Одделение за култура и спорт.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Тетовската оперска пејачка Ивона Нацевска ќе настапи во Италија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.