Со двата гола на Хава Мустафа, ЖФК Љуботен успеа да ја совлада екипата на ЖФК Кардиф од Велс со 2:0, a со тоа го освои третото место во квалификацискиот турнир во Холандија. Ова е прва победа на ЖФК Љуботен во европските квалификации.
На квалификацискиот турнир во Холандија на 4 септември ЖФК Љуботен загуби во првиот натпревар од екипата на Валур од Исланд со 10:0, додека домаќинот Твенте го совлада Кардиф Сити со 7:0.
Твенте и Валур играат во финалето на турнирот денес сабота, од 18 часот.