• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Жители на Непроштено: Нема одвод на атмоферската вода, затоа имаше поплави и наноси

06/07/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовските села Непроштено, и Теарце денес се продолжи санирањето на последиците од поплавите и наносите кои се случија вчера навечер поради невремето проследено со интензивен дожд, град и ветер.

Непроштено е најмногу погодено од невремето, бидејќи освен патиштата поплавени се и дворови, подруми и делови од куќите. Граѓаните се жалат дека проблемот во Непроштено е што нема соодветно решение за одвод на атмосферската вода.

– Вчера кај шест и нешто почна да врне грми, имаше големо невреме, такво невреме во Непроштено немам видено, многу вода надојде, надојде во долот и малата река што ни е, поради нечистење и несредување на коритото, од страна на Општината, по цел главен пат на Непроштено имаше поплавени подруми на многу фамилии. Среќа нема многу голема штета, секој си знае за себе. Дрва има по пат, кај мене подрумот и гаражата ми е цела со тиња, сега општинава треба да реагира ако е сега не знам кога да направи канали покрај патот и водата од патот по каналите би идела кај што треба да иде, изјави Александар Исаилоски жител на Непроштено

– Беше горе многу невреме, реката и кога дојде водата, поради затнати цевки, пуштила водата и еве гледате, што е сега работава. Затоа треба мост да има и да иде водата, вчера со багер го вадеа песокот и го ставија ваму. Исто одозгора каналот го направија со цевки и тој се поплави, кај може цевка да прими толку вода. Цевките да се тргнат и да тече водата слободно. Блокиран е патот кој го поврзува едниот со другиот крај селото. И не може да се помине, мора да се врти, рече уште еден жител на Непроштено.

Градоначалникот на Општина Непроштено Нухи Незири рече дека со вчерашната интервенција во самото речно корито спречиле поголеми поплави.

– Поплавени се двете населени места Теарце и Непроштено, после дождовите вчера попладне, критични места беа речното корито во Непроштено, кај што успеавме дел од мостот да го санираме, и спречивме да не се поплави поголемиот дел од село Непроштено. Поплавени се подрумските простории во Непроштено преку со пожарникари и со механизација се повлече водата, а денес се обидуваме да се расчисти останатите дел од наносите, истакна Незири.

За несоодветното справување со атмосферската вода, Незири рече дека тоа е така направено порано.

– Од наша страна детектирани се недостатоци, посебно каналите односно водотеци на атмосферска вода. Треба да се води сметка каде оди атмосферска вода, кај мостот на реката поставени се цевки без стандарди што доведува до катастрофални последици. Се обидуваме истото да биде отстрането и во иднина таквите планови да се градат со стандарди. Посебно покрај реката и каналите каде редовно треба да има проток на атмосферските води и да се гради со стандарди и поголеми цевки, изјави Нухи Незири.

Во текот на вчерашниот ден со своите возила во Непроштено и Теарце интервенираше и Тетовската противпожарна единица.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава

За најдена дрога приведена 22 годишна жена-СВР Тетово информира за неколку приведувања, пријави за напади и кражба

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
4 ° c
100%
1.92mh
89%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!