Жители на улицата “Димо Гавровски-Кара” во Тетово, известуваат дека отежнат им е пристапот до домовите во околните згради и куќи. Според станарите причината е забава од еден угостителски објект чии посетители ја зафатиле и улицата со што коловозната лента е непроодна. Исто така, станарите велат дека иако е повикана полицијата, нема промена на ситуацијата.