• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општината да најде начин да нема кучиња по улиците, се најчестите реакции на жителите на Тетово откако вчера локалната самоуправа објави правилник со кој предвидува во иднина да прави спогодби со луѓето кои се нападнати и повредени од бездомни кучиња.

Ана Марија Блажевска е меѓу граѓаните кои во 2022 година била повредена од бездомно куче па ја тужи општината, но вели дека најбитно е да се најде постојано решение за овој проблем, отколку да начи да се обештетат повредените.

-Јас сум голем љубител на кучиња, но после оваа случка која се случи, можам да кажам дека чувствувам траума, затоа што денеска кога и да поминам покрај бездомни кучиња имам така некоја нелагодноста, затоа што не е мала повредата која ми се случи. Не се криви кучињата, но локалната власт се најголеми кривци за оваа состојба, кога би имале стационари кога би биле згрижени сите тие кучиња не би имале вакви проблеми. Сметам дека општината треба да поработи на тоа да го реши, зошто би се тужеле и би се носеле правилници за исплата на тие средства кога би требало да се овој проблем реши од корен, изјави Ана Марија Блажевска.

Таа го има добиено спорот во Основен суд па сега чека Апелационен суд да се изјасни по жалбата на општината. Настанот се случил пред речиси една година на 1 февруари 2022.Од тогаш таа со себе со носи апартче со фреквенција која ги плаши кучињата.

Од Општина Тетово велат дека Правилникот за спогодбено обештетување на граѓаните е во полза на населението.

-Со ова, Општина Тетово им излегува во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурите за вакви случаи се поедноставуваат, воедно и се намалуваат, односно избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители, адвокати и така натаму, изјави Милена Вучевска, портпарол на Општина Тетово.

Правилникот  во кој е објаснета целата процедура е објавен на веб страната на општината, заедно со барањето кое оштетеното лице треба да го пополни и достави преку архивата до Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета составена од стручни лица, како лекари трауматолози и лекари од областа на психијатријата.

Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветната Комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

На Универзитетот во Тетово отворено Американско катче како центар за тестирање на англиски како странски јазик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!