• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Зијадин Села поднесе оставка откако Алијанса за Албанците не освои ни едно советничко место во Тетово

21/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово се причина Зијадин Села да поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците. Ова тој го најави и образложи на денешната прес-конференцијата во седиштето во Тетово, по средба со членовите на потесното претседателство на партијата.

-Разговаравме околу настаната политичка ситуација после изборите во Тетово. Јас стојам на секој збор кој го имам кажано,а тоа е дека Тетово не е само една општина, Тетово не е само еден град, Тетово е повеќе од тоа-само еден град. Резултатите во Тетово навистина е дека се надвор од секое наше очекување во врска со Тетово и јас како претседател на партијата сум спремен да преземам одговорност и од овој момент преземам одговорности давам неотповиклива оставка од претседател на партијата, истакна Зијадин Села.

Тој информирапе дека во перидот кој следува највисокиот орган на партијата, после два конгреси, Централното собрание, треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде в.д претседател на партијата

-Јас користам приликата сега да им заблагодарам на сите мои поддржувачи, на поддржувачите на Алијансата за Албанците, на граѓаните кои вееруваа во нас и истовремено ги повикувам да веруват во Алијансата за Албанците бидејќи од овој процес ние ќе излезем уште посилни. Не би било демократски јас да се изјаснам кој треба да биде кандидат за претседател , бидејќи тоа е право на членството на Алијансата за Албанците и тоа е право на Централното собрание за в.д да избира, а не е мое право, порача  Зијадин Села.

На новинарско прашање зошто во Тетово партијата не успеа да освои ниту едно советничко место тој рече дека ќе бидат направени потемелни анализи.

-Анализитите ќе се направат во Централното собрание на партијата и мислам дека од сега па натаму партијата треба многу да се грижи за сите тие, Да се грижи во смисол да ги става пред одговорност сите тие кои го саботираа процесот, на сите кои работеа, а се членови на Алијансата за Албанците а се против Алијансата за Албанците, рече Зијадин Села.

Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА  го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава
Модуларна ковид болница по пожарот

Судењето за модуларната болница закажано за 6 септември

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.