• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Зоран Заев нема намера да се враќа во политиката и не сака да се кандидира за претседател

18/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев нема намера да се враќа во политиката. Ова беше неговиот одговор на новинарско прашање во Тетово каде учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергетската криза и инфлацијата.

-Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и заради Фондацијата Заев и заради моите општествени активности, јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата. Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме. Не зборам само за кога бев политичар за опозицијата тогашна моја и за моите луѓе од СДС, и за коалициони партнери и за опозицијата-Заев нема да продолжи. Еве едно важно прашање, темите важни да ги пренесуваме, оваа тема можеби на некој ќе му олесни, ама на луѓето ги интересира живеачката, денеска тоа што се случува, истакна Заев.

Сега како ослободен од политичките ангажмани вели дека најмногу му годи слободата, вели на прашањето каде е полесно во политиката или во бизнисот.

-Јас дојдов од бизнисот и беше малку чудно лидер на социјалдемократска левичарска партија да дојде од капитал секторот, но верувам дека донесе една нова вредност затоа што практичарите ги гледаат на еден начин работите, а теоретичарите и креаторите на идеите на националните стратегии од делот на професори, невладини организации, на друг начин па се прави убав микс. Тогаш имате една пореалистичка опција за развојот на државата, мене ми е многу убаво во бизнисот каде што се вратив каде што доаѓам, верувам дека нема човек кој повеќе и се радува на слободата. Се радувам на слободата. Се борев за слобода и демократски вредности во едно тешко време кога требаше да се применат, ги применив преку демонстрирање на поднесување на одговорност и оставка кога треба. Јас верувам, нашиот народ вклучително и политичарите ќе созреваат во делот на сите права кои народот им ги дава но и одговорностите што мора да ги понесеме сите, истакна Заев.

Заев рече дека на УЈИЕ со радост се доаѓа бидејќи има огромен позитивно влијание кон сите млади луѓе и поради тоа што е Македонија во мало.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Акциска контрола за пешаци-42 казни од 30 до 50 евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.