Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со претставници на општина Тетово извршија увид во градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во општина Тетово, дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени”. Базен започна да се гради на 9 февруари, а според Каевски добро се одвива динамиката на изградба на објектот.
-Драго мие што можам да кажам дека оди според предвидената динамика, со забрзано темпо и предвидениот рок за примопредавање на овој затворен пливачки базен е септември 2021 година , но во разговоро со изведувачите и со ваквото темпо на функционирање очекуваме до крајот на оваа година или почетокот на следната година во текот на првите месеци да имаме функционален пливачки базен во општина Тетово. Се наоѓаме пред еден исклучителен важен период каде што пред се треба да се справиме со една друга наша борба со Ковид 19, но во исто е важна е и спортската инфраструктура затоа што по завршување на кризата која верувам ќе биде за брзо време ќе треба да ги подигнеме и спортските стандарди и здравите начини на живот на пред се кај најмладите. Токму овој пливачки базен ќе биде во таа насока да го подигне стандардот и младите што повеќе да спортуваат, рече Каевски.
Директорот Каевски рече дека е во постојан контакт со повисоките институции за координација околу почнување на спортските натпревари.
-Постојан со сите национални институции сме во контакт околу отпочнување на индивдуалните спортови, како и тренажен процес во колективните спортови. Примерите на одредени држави ни даваат примери и практики како да размислуваме спортот да започне да функционира, но најважно е здравјето, рече Каевски.
А.С