Активистот на движењето Беса, Артан Етеми бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради поставените знаци на неколку места во Тетово на кои имаше понижувачка содржина за ДУИ.
Претседателот на Беса, Билал Касами поради повикувањето на активистот дојде во тетовската полиција за да бара објаснување. Тој во изјава за локалната телевизија Коха од Тетово, истакна дека полицијата во Тетово, треба да ги брани активистите, наместо криминалците.
-Ова се случува кога политичките партии, кога власта оди на погрешен пат, наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните, наместо да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во ДУИ, рече Касами по напуштањето на полициската станица во Тетово заедно со активистот Артан Етеми .
Инаку „Младинско движење“ на социјалните мрежи објави дека стои зад поставувањето знаци и налепници со натпис „Јавна куќа ДУИ“.
СВР Тетово соопшти дека непознати лица во 10 локации, односно кружните текови низ градот, на метални столбови и на сообраќајни знаци поставиле постери со понижувачка содржина насочена кон политичката партија ДУИ.