Во рамки на Неделата на борба против шеќерна болест пригодна превентивна активност во Здружението на пензионери реализираа волонтери од општинската организација на Црвен крст Тетово. Во просториите на здружението одржана е презентација и мерење на шеќер во крв за пензионерите од тетовско.
-Овогодинешното мото на неделата на борба против шеќерна болеста е “Здрави животни навики во борба против дијабетот“. Има за цел подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и превенција од појава на шеќерна болест преку промовирање на здрави животни навики, изјави Шкљќим Мурати, секретар во општинската организација.
Активностите волонтерите од црвениот крст ги реализирааа заедно со медицински лица од ПЗУ Медика Центре од Тетово како стручна помош.
А.С