Претставници на иницијативата „Доста е“ која одржа неколку протести поради зголемената цена на електричната енергија денес одржаа прес-конференција на која истакнаа наводи дека енергетските компании сакаат да ги оцрнат нивните активности. Аријанит Џафери оценува дека граѓанската реакција станува се посилна.
-Неодамна беа направени разни напори од стран на овие компании за да се оцрни граѓанската волја и организирањето на организацискиот совет. Од внатрешни извори во овие енергетски компании ни доаѓаат информации дека се подготвуваат сценарија за да се наруши довербата на луѓето во организацискиот совет. Една од тие сценарија што тие сакаат да ни го препишат е согороување на трафостаниците во неколку градови во земјата. Ова се прави со цел да се дефокусира нашата чиста цел и да се предизвикува незадоволство кај луѓето од иницијативата. Но треба да знаат дека овие сценарија нема да „пијат вода“ кај луѓето, тие се обидуваат да претстрават друга измислена реалност од тоа што граѓаните го знаат, а тоа се високите сметки на скапата електрична енергија. Овие подуени гасеници кои крадат од општеството треба да знаат дека народниот гнев ќе ги присили да се повлечат од ваква навика. Ние не можеме и нема да се повлечеме се додека не се исполнат барањата на организацискиот совет, барања што прозилегуваат од сиромаштијата и социјална потреба, истакна Аријанит Џафери, претставник на иницијативата.
Оваа иницијатива повторно во петок најавува протестен марш, овој пат од градскиот плоштад во Тетово се до објектот на енергетската компанија ЕВН Македонија.
А.С