Нема повредени лица во пожарот што избувнал утринава околу 9 часот во возило во движење на стариот пат Тетово-Скопје.
-Утрово во 8 часот и 55 минути во СВР Тетово е пријавено дека на стариот пат Тетово-Скопје се самозапалило во движење возило марка мерцедес. Возилото е сопственост на фирма од Тетово, а поради пожарот за среќа нема повредени луѓе. Оштетен е предниот дел од возилото, информираше тетовскаа полиција.
На поажарот интервенирале и припадници на тетовската територијална противпожарна единица кои за кратко време го локализирале и изгасиле огнот.
А.С