Денес во организација на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово се одбележа – 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба пред Споменикот на револуцијата. Пред споменикот беше положено цвеќе.
-23 Октомври 1893 светол датум за македонската историја, светол датум кој што ги носи своите четири букви ВМРО. Внатрешната Македонска Револуицонерна Организација не претставува само обична историска флоскула која што е запишана во книгите на историјата туку претставува иницијална каписла за борба и обединување на цела Македонија. Македонците во тоа време се потпирале на македонската интелигенција која што иако со скромни напори направила невиден чекор во тогашна османслиска Македонија но и Европа која што имала свои превирања. ВМРО е светла буква во историјата на Македонија, светол начин на живеење, туку е начин на живеење, себепотпишување на страниците на нашата историја, истакна Милена Илиевска.
-Државните празници се денови кога треба да се обединат сите затоа што овие државни празници ја претставуваат борбата за самостојност за современата македонска држава и токму затоа сметам дека особено локалните власти затоа што тоа е во и нивна ингеренција треба да се погрижат за организација на одбележувањата на овие на овие државни празници. За жал и годинава во Тетово како и во минатото не се организира државниот празник од страна на државните власти и со тоа се испраќа лоша порака која секако не оди во насока на обединувањето на македонскиот народ. Овој е голем ден за македонскиот народ, на овој ден е вкоренета идејата за самостојност на македонскиот народ. На овој ден ги славиме храбрите дела на нашите предци на основачите на ВМРО но и на сите останатите кои се темелот на Република Македонија. За жал ние денес се соочуваме со распродажба на македонските интереси, денес Македонците се соочуваат со нов предизвик за сочувување на својот идентитет, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.