Владика Јосиф митрополит на тетовско-гостиварската епархија ја одржа централната богослужба Воскресна литургија во црквата Свети Кирил и Методиј во Тетово. Заедно со свештениците од Тетово беше извршен трикратен опход околу црквата по што на полноќ беше прогласено Воскреснието Христово, а потоа започна со отслужување на празничната Воскресна литургија.