Националниот македонски празник 2-ри август Илинден во Тетово се одбележа со пригодна церемонија пред Споменикот на Револуцијата. Одбележувањето започна со интонирање на химната, како и со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на оние кои го дале животот за денешната независна и слободна Македонија.
-Во историјата на еден народ постојат судбоносни датуми, трагични и величествени, по кои тој народ се препознава и кои ја определуваат неговата иднина. Македонската историја има два големи историски настани поврзани со ист ден, но во различни времиња и услови. Тоа се Илинден 1903 и Илинден 1944. На првиот датум како да се оствари повеќевековната борба на македонскиот народ за создавање сопствена држава. Вториот датум кога е формиран АСНОМ величиствен по своите резултати . Тогаш е оставрено се што напатениот македонски народ мечтаел и сонувал, рече во својот пригоден реферат претседателот на општинска организација на Сојузот на Борци од Тетово, Јоцко Димитриевски.
Букети цвеќе пред споменикот положија делегации на институци, установи, организации, здруженија на граѓани и политички партии.