На социјалните мрежи организацискиот одбор од иницијативата „Доста е“ најавува дека по шести пат ќе се организираат јавни протести поради одлуката да се зголеми цената на електричната енергија.
За денес во 18 часот на социјалните мрежи се најавуваат блокади на сообраќајот на три локации-кружниот тек кај Монопол, кружниот тек на Илиденска и Видео Смилевски-Бато (кон Гостивар) и кружниот тек кај стадионот.