Со одлука на тетовскиот кризен штаб и утре,четврток нема да има пазарен ден, а објектите каде се продаваат овошја и зеленчук ќе бидат затворени. Ова е втора недела по ред како се затвораат пазарите во Тетово со цел да се намали опасноста од собирање на повеќе луѓе и ширење на коронавирусот.
-Да се заблагодарам на граѓаните за разбирањето за постапката за мината недела.Одлуката е исто така и овој четврток да не се организира пазарен ден и сите пазари ќе бидат затворени за да нема големо собирање на луѓе на едно место поради опасноста од Ковид19, истакна градонаначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Зелениот пазар во Тетово е полузатворен објект. Освен во внатрешноста на тезги на пазарниот ден во четвртоците и околу објектот се зголемува бројот на луѓе кои продаваат земјоделски и сточарски производи.
Голема фрекфренција има и кај ткн. Женски пазар лоциран пред почетокот на патот кон Попова Шапка. Исто така и таму покрај во оградениот пазар во четвртоците голем број продавачи на околните тротоари и улици поставуваат импровизирани тезги и нудат разни производи.
А.С