По повод исламскиот празник Курбан Бајрам денес во Тетово главната празнична верска церемонија се одржа во Шарената џамија, каде утринската молитва ја предводеше тетовскиот муфтија Ќани Ефенди Несими. На намаз молитвата присуствуваа голем број верници.
-Денес кога светот се соочува пандемија која ја смени реалноста на се па дури и на празниците. Курбан Бајрам се слави по исполнуавњето на петтиот услов на исламот-аџилакот. Оваа година поради падемијата беше откажан, го молам семоќниот Алах да го извршиме овој ибадет во наредните години. Празникот Курбан Бајрам не потсетува на најдобар начин на божествените учења, милосрдност, пожртвуваноста, рамноправноста, правичност, солидарноста, приниципи кои го тера човештвото да размислува за добрината и за тоа што го сака Создавачот. Да се радуваме на овој бериќетен ден останувајќи верни и доследни на принципи на исламската вера кои негуваат човечки и универзални вредности, истакна во својата празнична честитка до верниците, муфтијата Ќани Ефенди Несими.
Тој ги посети верниците дека поради пандемијата потребно е да се почитуваат мерките за заштита и превенција.
-Живееме во едно време кога пандемијата се наоѓа насекаде и мора да бидеме внимателни да имаме дистанца, да имаме маски, да држиме хигине, да не се оди по гости верувајќи во тоа дека во наредните години ќе ни се даде таа можност, рече муфтијата.
Наредните три дена според традицијата кај муслиманите се дели курбан.
-Со делењето на курван верниците треба да покажат дека секој треба да биде похуман подоброчинител, да биде пообар човек и верник, истакна муфтијата.
Муфтијата Несими за муслиманските верници од тетовскиот регион традиционално упати и видео честитка по повод празникот Крубан Бајрам каде се обрати на три јазици-албански, турски и македонски јазик.Курбан Бајрам се одбележува по два месеци и седум дена од Рамазан Бајрам што се празнуваше на 24 мај.
А.С