Денот на Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица се одбележа во манастирската црвка Света Богородица во Џепчиште.
Вечерна богослужа и мал водосвет отслужи отец Љубиша Блажески, верниците запалија свеќи исполнувајќи молитви за здравје. Воедно отецот ги благослови и прережа кумските славски лебови.
Со оглед на светската пандемија годинава изостана традиционалниот начин на одбележување со богата празнична софра и ручек за сите гости. Празнувањето се прилагоди со поскромна закуска, па така не изостана и наздравувањето за добро здравје и желби за поубаво празнување во годините што доаѓаат.
Една од карактеристиките на празнувањето на Голема Богородица е тоа што на гости доаѓале жителите од Једоарце. Традиција е стара со векови и потекнува од османслискиот период кога преку шумата најчесто пешки се оделе од Једоарце во Џепчиште и обратно на празнување.
-Двете села имаат вековна традиција на взаемни посети, сега за Голем Богородица и за Атанасовден тука во Џепчиште доаѓаат луѓето од Једоарце, а џепчиштани таму одат за други празници. Годинава поскромно празнуваме кога станува збор за софра, но сепак направиме напори да се одбележи празничната служба. Годинава за разлика од порано природниот амбиентот ни е поубав бидејќи имаше многу врнежи па вегетацијата е бујна, се е зелено и атмосферата е порелаксирана, изјави Миле Андреевски.
Манастирската црква Света Богородица е изградена врз темели на стар црковен храм кој датира од пред неколку векови. Ктитори на црквата браќата се Бранко и Ристо Добревски, иселеници во Бразил.
Во непосредна близина на Света Богородица е и втората црква во Џепчиште, Свети Атанасиј.
Александар Самарџиев