Тетовската полиција информира дека вчера во 23 часот и 20 минути, 46-годишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во нивната семејна куќа психички и физички била малтретирана од нејзиниот 48-годишен сопруг. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.
Вчера (8 јуни) околу 21 часот и 10 минути, во близина на угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, со повреди во бессознание бил пронајден Б.Б.(36) од тетовско Ново Село. Тој по кусо време дошол при свест, а според негово кажување, повредите му ги нанеле повеќе лица кои претходно го отстраниле од објектот во кој престојувал. На местото биле затекнати и 6 други лица, при што од слобода била лишена косовската државјанка Х.З.(47), инаку сопственичка на објектот. За настанот е известен Јавен обвинител.
Вчера (8 јуни) во 12 часот и 30 минути било пријавено дека на улица„Љуботенска“ во Тетово патничко моторно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(53) од с.Синичане, удрило во велосипед, кој го управувал М.С.(74) од Тетово. Во несреќата, велосипедистот се задобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово.