49 годишен земјоделец од тетовско Беловиште во полицијата пријавил дека вчера додека копал во нивата нашол експлозивна направа. Службеници на СВР Тетово извршле увид па повикале стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на експлозивното средство.
-По пријавувањето извршен бил увид и гранатата била подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување Тетово за понатамошна постапка. Станува збор за експозивно средство-артилериска граната 150 милиметри која потекнувала од Втората светска војна, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Нивата се наоѓа покрај стариот пат Беловиште-Одри.