Дафина Стојаноска, носителката на листата за шестата изборна единица од Коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ попладнево разговараше со жителите на Блаце и Милетино од општина Брвеница.
-Луѓето од овде ми се пожалија дека многу млади им се иселиле во странство. Покрај ова ако проблем за мене е и тоа што младите кои не се иселени во странство се оставени на маргините на општествениот развој. ВМРО ДПМНЕ како партија која ќе ја формира иднината влада е свесна за сериозноста на озавие проблеми и затоа се обврзува дека ќе обезбеди услови за вработување на преку 50.000 млади луѓе во текот на следниот 4 годишен мандат, истакна Стојаноска.
Таа посочи дека се важни условите за живот кај младите додека се во образовниот процес.
-Преку современ ученички и сттуденски стандард ќе обезбеди младите да конкурираат рамномерно на пазарот на трудот ќе ги направи младите активни во носењето на одлуките и ќе направи спорт и кулура по нивна мерка Ние на ова се обрзуваме и ќе донесме како повеќе за сите таа повеќе и за младите во Република Македонија, истакна Стојаноска.