Носителката на листата во шестата изборна единица од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојановска со дел од кандидатите за пратеници беше на средба со сопственици на приватни фирми во тетовско. Од Фалише истакна дека економијата досега е во лоша состојба.
-Газдите на и овие фирми ни велат дека економијата ни е уништена и дека не треба да сме економски експерти за тоа да го согледаме. Секојдневно имаме поскапувања, вработувања нема а приватниците и бизнисмените се оставени без помош од државата кога токму држават атреба најмногу да има помогне. Економијата е наука и ако некој не може да биде во полза на граѓаните тогаш тој некој може да стане економски убиец на сопственат држава, рече Стојановска.
Според носителката овие состојби се случуваат три години наназад.
-Затоа ние потребна сериозна обнова. Обнова која што ќе направи младите да немаат долг за утре а истовременот на тие млади денес да им им се делат некакви ваучери, тие ваучери не се ни милостина ни некаков економски изум од сегашната власт. За тие ваучери парите се наши и ние ќе ги враќаме долговите за нив. Затоа велам дека е време на сериозна обнова на високите места на ранг листите меѓу најдобрите. Ние тоа го можеме, го знаме и сакаме да го направиме, истакна Дафина Стојановска.
Кандидатите за пратеници попладнево ќе остварат средби со жителите на местата во општина Брвеница.
А.С